Вчера новинарите го фатија Бојан Маричиќ како користи државно, службено возило за партиски настан.
Откако владата на СДС и Пендаровски ги потпишаа Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, тврдеа дека само што не сме влегле во ЕУ.
Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа.
Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДС?
Пендаровски се колнеше во нема правда нема мир, а одмолче на целиот криминал на СДС и потпишуваше криминални закони.
Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?
Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните.
Вчера во акција на МВР е приведен Боро Стојчев - Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, кој веќе беше во затвор за шверц на цигари, тој беше осуден на 18 месеци затвор, а излезе за половина година поради намалување на казната.
Пендаровски Стево без срам и перде денес вели дека никој не можел да го контролира. Да не е жално би било смешно.
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во Рим учествуваше и говореше на работната сесија „Решенија за подобар квалитет на живот” што се одржува во рамки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024.