Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од две телевизии да гостува на ТВ-дуел со Заев и дека се надева оти претседателот на СДСМ ќе биде храбар и ќе ја прифати поканата.
Експертски тим на ВМРО-ДПМНЕ ја анализира ситуацијата со носењето на законите за јавно обвинителство и за Советот за јавни обвинители по што ќе излезе со конкретна информација за нивното неделовничко носење, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Денеска објавените докази од ПИ Мерки за случајот „Рекет“ недвосмислено говорат дека власта и врвот на СДСМ стојат зад целиот случај и дека рекетот бил координирана акција, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски утринава во своето обраќање на емисија посочи дека Димитров се обиде да покаже дека договорот со Преспа е добар иако и самиот знае дека не е добар.
Годишната програма за култура за 2020 година е повеќе од скандалозна. Критериумите по кои се делат парите на граѓаните се политички, а политиката и културата не одат заедно. Затоа три години не постои ниту „к“ од културата која во континуитет тоне
Фарсата наречена „Како Заев замислува правна држава“ денес има своја лицемерен продолжеток. Маршот на Заев ќе биде ништо друго освен марш за спас на милионите на Вице, марш за заштита на плантажите со марихуана на Заеви, маршот за заташкување на нерешените убиства, марш за амнестирање на криминалните тендери
Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО
Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа, со непочитување на Уставот и законите во Република Македонија.
Со носењето на Законот за јавно обвинителство се постави основата за неселективна правда и за правосудство кое ќе гарантира одговорност и казнивост за секој што го прекршил законот
По 18 години излегувам доброволно, без болест и при здрав разум, откако пред 1 година на ист начин се повлеков од претседател на партијата ДОМ, оставајќи зад себе спремен кадар да ја води.