Мицкоски укажа на тоа дека од Владата не даваат одобренија за вработувања во оние институции каде има пензионирања, ги одземаат ингеренциите во многу општини каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Тој посочи дека граѓаните најдобро знаат во која насока се движи општината. Но, важно е да се спомене дека наредните неколку месеци се клучни за иднината на македонските граѓани.
Претседателот Мицкоски побара од Ковачевски да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на претседателски и парламентарни избори, бидејќи како што рече Ковачевски се однесува кукавички затоа што постојано бега од избори, лидерска средба и дуели.
Тој додаде дека поради тоа се случува да имаме промашување речиси двојно од тоа што го прогнозира ММФ и имаме 50% повисока инфлација од таа што ја имаат државите членки на ЕУ.
Според него тоа што Димитар Ковачевски се уште остава простор и е оптимист дека ќе се соберат две третини за промена на Уставот е само политикантство.
Од сите нас зависат промените, сите ние сме убедени дека набргу од денеска, за неколку месеци од денеска ќе има големи промени во Македонија.
Фикусот за Стево Пендаровски е живо, раздвижено цвеќе, тој смее да има став се додека Ковачевски и Ахмети не му речат да не се согласи сам со себе.
СДС се фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот. ММФ потврди дека И Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50% во однос на растот.
Дали министерот и г-ѓа Велева ги слушаат гласините за притисок на рецензентите и дали се истите поврзани со претходно добитните издавачки куќи?
Шесте години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија.