Нормален референдум, онаков каков што би требало да има, на којшто граѓаните треба да се искажат по однос на своето мислење за промената на името на Република Македонија, нема да има, изјави потпретседателот на ВМРО–ДПМНЕ Александар Николоски, во вечерашната емисија „60 минути“ на „Алфа“ телевизија.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата 60 минути со Горан Момировски, истакна дека Заев и Димитров работеле на промена на името на Македонија уште пред тие да ја формираат владата.
СДСМ во континуитет го понижува и потценува македонскиот народ. Наместо живот, Зоран Заев донесе чемер и јад. Граѓаните се чувствуваат несигурно и понижено. Тие се разочарани и осиромашени. Победи нема, а поразите на секое поле се секојдневие.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по масовната партизација на институциите и по злоупотребата на полицијата, секојденвно пласира измислици и невистини.
Со прифаќањето на капитулантскиот договор со соседна Грција, СДСМ и нанесе огромна политичка штета на Република Македонија, а со криминалното, коруптивното и дилетантското работење во економските ресори, земјата е клекната на колена и на финансиски план.
Тој не гледа проблем ни кога цената на бостанот се движи од 2-3 денари кога се враќаат пратки со домати од странство, заради карантински болести, а на повидок е повторно враќање на голема количина со праски.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочат македонската иднина, граѓаните ќе кажат ДА за загарантиран македонски идентитет, ДА за членство во ЕУ и НАТО.
Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани.
Нивната „патлиџан дипломатија” ги обесчести и ги покори Република Македонија и македонскиот народ. Зоран Заев е човек кој нема црвени линии кога треба да ги исплати фактурите кои што ги должи за неговото доаѓање на власт.