ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното, транспарентно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и државните и јавни институции и претпријатија и затоа секојдневно измислува лажни вести.
Да не се стопираше градбата на Луна паркот до јуни ќе беше готов, дали зад стопирањето на градбата се кријат нечии бизнис интереси.
Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, станува градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, садење на зумбули и љубичици и потпишување на меморандуми за соработка.
Демири и Исмаиловиќ, се обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на Велики четврток пред 6 години. Тие беа во бегство на косовска територија. Истите беа правосилно осудени на доживотна казна затвор и се чекаше нивна екстрадиција од Косово.
Дали е на повидок нов голем скандал во АД ЕЛЕМ? Раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучи милионски договор во четири очи.
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците.
ОМ јавно ги прашува членовите на Уставниот суд зошто не постапуваат по 4-те пријави за скандалозните ДУП-и во Карпош, поднесени од граѓанската иницијатива Коалиција О2 за чист воздух?
о повикуваме министерот за земјоделство да се смилува на маката на земјоделците и да одговори на нивните повици, да најде време да дојде во Струмичкиот регион и да се обиде да го реши проблемот со пласманот на пролетната зелка
СДСМ е елементарна непогода за енергетиката во Република Македонија. ХЕЦ Глобочица веќе три недели прелева, а од пред три дена прелева и ХЕЦ Шпиље.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Алфа Телевизија откри нов скандал на раководните лица во РЕК Битола при ангажирање на помошна работна рака, каде што компанија блиска до раководните лица во компанијата ќе се збогатува на грбот на работниците.