Спротивно на одлуката највисоката судска инстанца во Македонија Врховниот суд, партискиот суд на СДСМ донесе одлука за притворање на дел од обвинетите лица за настаните од 27-ми април.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сопиште.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток.
Политичката ситуација, законот за јазиците, спорот за името и евроатлантската интеграција биле теми за кои денеска разговарале претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон.
Гледам дека ја интересира власта каде сум бил на 27-ти април 2017 година. Иако и фотографиите кои ги објавија не кажуваат ништо повеќе од она што јас веќе претходно го соопштив за моето движење тој ден, само овој пат направија додадена мистерија и заокружени црвени кругови, сепак еве ќе повторам и директно одговорам.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Македонија, за разлика од Зоран Заев.
Toa што Кочо Анѓушев се обидува со вицови да ја засмее јавноста не им помага на граѓаните да живеат подобро. Во Македонија се живее се полошо, стандардот тоне, а државата го допре дното на ранг листите за корупција.
Мицкоски бил во толпата на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беа загрозени нивните животи и уставниот поредок на Република Македонија.
Сите овие проекти буквално уште еднаш ќе напоменам дека се започнати од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш ќе повторам дека 10 месеци се на власт и буквално ништо немаат сработено.
Законите не се применуваат, институциите се злоупотребуваат и единствено се користат за покажување на политичка моќ, заплашување и играње со човечки судбини.