Заврши шестчасовната средба на централното Претседателство на ДУИ, на која според членовите на партијата се зборувало најпрвин за оставката на министерот за правда Билен Саљији .
„Претседателството на ДУИ го продолжи состанокот почнат на 16 март 2018 година каде се разговара околу остварувањето на програмата како и градењето на стратегијата на ДУИ во идните две децении.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (22 март 2018-та година), заедно со потпретседателот Александар Николоски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.
СДСМ во минатото, а и сега покажува дека не само што не се грижи за македонското културно наследство, традиција и историја, туку и дека е спремна со истите да тргува.
ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сили и да ги надмине политиките на лицемерие и лажен патриотизам, затоа што целата јавност знае дека опозициската партија во надеж дека ќе формира влада, веќе го прифати Законот за употреба на јазиците.
Во согласност со родителот и адвокатот, пратениците на ДУИ иницираа формирање на работна парламентарна група, каде ќе биде разгледан целиот случај со малиот Алмир.
Неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност, Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ на сила и шверцерски го истуркаа во Собранието, со флагрантно кршење на законот и деловникот за работа.
Со објавувањето на Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, Владата предводена од СДСМ ја потврдува заложбата за одговорно, домаќинско и транспарентно управување со парите на граѓаните.
Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран.
Десет месеци Македонија тоне во корупција, а јавноста е сведок на селективната правда што ја спроведува СДСМ и институциите под нивна контрола.