Во ЕУ не се оди со криминална влада, каде тендерите и личните бизнис интереси на поедини моќници се пред доброто на граѓаните и државата.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека блокадата на државата и политичката криза што ја создадоа СДС и ДУИ води кон рушење на државниот и институционален капацитет во Македонија.
По дебаклот со уставните измени целосно неважно е што мисли делегитимираната СДС, единствено решение се избори.
Тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори затоа што, како што рече, „повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени“.
Секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт на ДУИ и СДС ќе значи две работи, прво губење време, второ уште подлабока криза.
Мицкоски истакна дека исто така е вистина дека и покрај целото разјаснување на работите после вчерашниот ден и распрснувањето на континуираните кампањи на лаги на власта дека ќе обезбеделе мнозинство, проблемот е присутен и денес, тој постои и Македонија е во голема криза.
Тој додаде дека Македонија не треба повторно да влегува во играта на стапот и морковот без никакви гаранции за влез во ЕУ.
Според него, вчерашниот ден бил јасен показател дека имаме, како што рече, „лош договор со Бугарија еднострано прифатен од власта“.
Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека уставните измени не се под бугарски диктат, туку по македонски предлог, рече дека таа изјава е губитничка и оти не е политичка теза.
Од вчера е совршено јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема. И нема ниту да има. Нема потклекнување кога е во прашање достоинството и честа на народот и Македонија.