СДСМ Буџетот наменет за култура го претвори во колач за поткусурување со коалиционите партнери. Уметниците се револтирани и гневни. Културата никогаш до сега не била толку деградирана, а уметниците толку омаловажени.
Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор.
Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик.
Комисијата за култура во Алијанса на Албанците, на денешната прес конференција побара од Министерството за култура да ја повлече одлуката за доделување средства за годинешната програма за култура, заради неправилности и непочитување на правилникот за доделување средства.
Вреди да се спомене дека внатрешните избори во Движењето БЕСА, според Статутот, започнаа со усвојувањето на Деловникот за организирање на конгресот, односно на 6 јануари 2018 година.
СДСМ и Манчевски ја дефокусираат јавноста од партизацијата на администрацијата, која забрзано ја спроведуваат.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат на развој и унапредување на земјоделството, па затоа шири лажни вести.
Оваа програма не ги отсликува реалните потреби во културата, истата не е развојна и е насочена кон деградирање на културни установи со повеќе децениско културно живеење, како и фаворизирање на непознати лица, на сметка на професионалните уметници.
ВМРО-ДПМНЕ целосно се загуби во своите промашени политики на манипулации и лажни вести, па веќе не знае ниту што зборува, ниту што прави со што уште една докажа дека опозициската партија го има загубено својот политички курс.
СДСМ е вистинска временска непогода за македонското земјоделство. СДСМ и Николовски скратија 24 милиони евра од ветениот Буџет за земјоделски субвенции.