Со член 1 став 2 од предлог законот, кој вели, цитирам: „Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон“.
ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години ги задолжуваше граѓаните за да се остваруваат криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници, денес очајнички се обидува да шири лажни вести за црни економски сценарија.
Државата во 2018 година ќе се задолжи за скоро над милијарди евра, со што нето јавниот долг ќе се зголеми за над 485 милиони евра, без притоа да реализира некоја поголема капитална инвестиција.
СДС на сите граѓани над 65 години кои немаат остварено услови за пензија, а живеат над 20 години во Македонија им ветуваа дека ќе им дадат државна социјална пензија, а сега со новиот Буџет не предвидуваат пари за тој проект.
Партијата за движење на Турците (ТХП) во недела ќе го одржи третиот редоводен конгрес на партијата. Конгресот ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје со почеток од 13 часот.
Нејасно е зошто има пари за зголемени патни трошоци за пратениците, а нема пари за капитални инвестиции. Зошто се зголемуваат непродуктивните трошоци, а државата ќе се задолжи близу една милијарда евра.
Пратеничката група на Беса во Собранието на Македонија смета дека дебатата по предлог одлуката за избор на заменици на Генералниот секретар на Собранието има правен проблем, бидејќи кандидатката Ермира Асани Салија, предложена од партијата веќе има друга функција
Мега интервју во повеќе дела направи Република со лидерот на македонската опозиција и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кое Ви го пренесуваме интегрално од Република.мк.
Алијансата за Албанците го губи раководството на здравстото и наместо за нов министер, партијата на Зијадин Села ќе мора да преговара за ново раководство во “Илиденска”, пренесува Експрес.
Рекетарството стана заштитен знак на СДС. Странски продуценти ја обвинија новата власт за барање мито. СДС ја срами Република Македонија и ја руши нејзината репутација во светот.