Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти.
За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило, односно донирало и спонзорирало 22.712.500 денари.
Очигледно е дека после дебаклот на последните избори СДСМ тотално го загуби правецот на делување и тоа се гледа во последните нивни политики, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски
„Овој заем доминантно ќе биде искористен за две цели. Прво за финансирање на инфраструктурни проекти во општините во износ од 250 милиони евра а второ за финансирање на кредити на евтини кредити кон стопанството од 250 милиони евра“ рече Стојаноски.
Ги советуваме СДС да не се срамат повеќе, туку нека гледаат сега како работи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нека учат како се работи. Веќе нема да има незадоволни земјоделци.
Пред да започнеме со деталите, да ја потсетиме јавноста само на последниот скандал - 14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО.
Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос.
Абази ги повика Антикорупциската комисија, Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство да проверат дали пратеникот Елми Азири во анкетниот лист пријавил дека фирмата на внукот на неговата сопруга е потенцијална околност за конфликт на интереси.
СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси.
За криминалните тендери на Венко Филипче јавноста е запознаена, но не само тој на централно ниво, туку така се однесувале лицата од СДС и ДУИ и по поединечни јавни здравствени установи.