Во денешното интервју за „Тера“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски потенцираше дека уставните измени нема да поминат а есенски избори се единствено решение бидејќи стратегија на власта не се уставните измени туку да го истуркаат мандатот
Мицкоски додаде дека тенденција на партијата е довербата кај граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ да расте.
Мицкоски додаде дека е потребно да се намали данокот на додадена вредност и на сметките на електричната енергија со цел да не трпи стандардот на граѓаните на Република Македонија.
Мицкоски истакна дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со политиканство, туку ќе соработува со сите општини, пари ќе има наменето за сите општини, а не како сега коа СДС ја кочи работата на Коњановски.
Мицкоски нагласи дека со таа огромна победа следи и огромна одговорност бидејќи очекувањата ќе бидат големи и треба да се прават еден чекор како два, затоа што нема многу време, а второ толеранцијата кај граѓаните нема да биде таква како изминатите три децении.
Николоски истакна дека во собраниската комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против предлогот за уставни измени.
Не очекувам дискусијата да трае десет дена, очекувам и имам некое чувство дека денес ќе заврши. Таму се 17 пратеници од кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се 7, а за да се најде точката на дневен ред треба мнозинство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Битола упати две пораки во однос на случајот со рудникот Иловица.
Истакна дека не може да ги разбере пораките од СДСМ, кои на дневна основа се конфузни, додавајќи дека не знае кој е човекот кој што ги создава тие пораки, но дефинитивно таму владее стихија и немаат јасна порака.
„И наместо да ја преземе одговорноста, тој го повикува ВМРО-ДПМНЕ, мене лично. Времето ќе покаже кој бил во право“, укажа Мицкоски.