Изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ.
Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови од 2018 и 2024 година се доказ, истите ги праќаме во соопштение и сами нека воочат.
СДСМ ги отфрли повиците на премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста. Според нив, протоколарните пораки за обединување „немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци“.
Во однос на тоа дали е обезбедено двотретинско и бадентерово мнозинство, Митева рече дека очекува поддршка од сите партии, затоа што, како што посочи, овој закон е рационален и ги намалува трошоците.
СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика.
СДС потребно е да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Мицкоски го понуди како платформа на обединување.
Последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска откако стана пратеник покажуваат дека тој поседува имот во вредност од 850 илјади евра.
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по повод 33-годишнината од независноста на Северна Македонија со статус на својата Фејсбук страница упати порака до политичките елити да работат за почит и еднаквост помеѓу заедниците.
Нивната големина и значаен придонес е вграден во државотворниот процес на осамостојувањето и градењето на независноста на македонската држава. Вечна им слава и почит.
И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува.