На 23.01.2022 во 15.15 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Карпош биле лишени од слобода А.Л.(22) и малолетник од Скопје
Во текот на вчерашниот ден (23.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во делчевското село Ѕвегор во тек е акција за гаснење на пожар во стара куќа. Очевидци кои учествуваат во гаснењето, велат дека пожарот избувнал околу 12 часот по што е пријавен во Територијалната противпожарна единица
Денеска (23.01.2022) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 68 возачи.
На 22.01.2022 околу 16 часот на бул.„Словенија“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција сопрено е патничко моторно возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Р (23), а како сопатници Х.Ч (17) од Скопје и Д.Д (20) од Прилеп
Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава
Во текот на изминатата вечер (22/23.01.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 129 возачи
На 23.01.2022 во 02,40 часот пред ноќен клуб во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен Б.Т (24) од Скопје кај кого е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и една дробилка со марихуана
Против жител на струшкото село Ливада, дебарското одделение за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава поради нарушување на јавниот ред и мир