На 13.01.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Поранешна полициска инспекторка попладнево е пронајдена мртва во стан во Охрид.
Ноќеска 20 минути по полноќ било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна меѓусебна расправија, М.С.(19) од Скопје му оштетила предмет на С.М.(22) од Скопје, по што тој физички ја нападнал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Р.(25) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 13.01.2022 во 12,00 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од Оперативен тим потраги бил лишен од слобода Е.Ј.(48) од Скопје по наредба од Основен Суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од 5 години и 5 месеци во врска со кривично дело по чл.235 ст.1 од КЗ на РМ
Во текот на вчерашниот ден опожарен е стан на главната улица во Кичево. Пожарот избувнал во стан сопственост на В.С. (53) од Кичево
На 12.01.2022 во 17.30 часот, по преземени мерки и активности во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, од страна на полициски службеници од ОКР Гази Баба, биле затекнати двајца малолетници од с.Арачиново, непосредно откако извршиле две тешки кражби во продажен објект, а кај нив биле пронајдени одземените предмети
Четириесет и четиригодишна жена, вработена во Клиничка болница Тетово пријавила во полиција дека била нападната од друг вработен во установата
На 12.01.2022 во 18.15 часот полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода лицето П.Е. (35) од Гостивар, поради сомнение дека сторил кривични дела „тешки кражби“, извршени во текот на декември 2021 година од деловни објекти во Гостивар