Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.
Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 175 возачи
На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции
Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 35 возачи
На 22 и 24.12.2021 на подрачје на Центар се лишени од слобода Т.В.(38) и Б.Т.(33), двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, сторена на 17.12.2021
На 24.12.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје е приведен А.С.(40) од с.Кондово, скопско поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, сторени на 19.11 и 20.11.2021 во два трговски објекти во Скопје
Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Вчера во 22 часот во СВР Скопје, В.П.(38) од Скопје пријавила дека околу 20 часот во комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека била на работно место, била физички нападната од едно женско лице.
Вчера околу 14:25 часот на армиското стрелиште „Пенуш“ во Штип, при изведување на обука – боево гаѓање со повреди се здобил припадник на МВР Ј.Г.(53).