На 25.08.2021 во 17:44 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со телесни повреди бил донесен И.Н.(29) од село Крушопек, скопско.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Т.(43) и против правно лице – угостителски објект од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвило и не поднело Завршни сметки за 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Македонија
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На 24.08.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ккао што денеска соопштија од МВР, на 24.08.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Кочани, судијка во Основен суд Кочани пријавила дека при извршување службени дејствија, А.С. агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од судскиот полицаец.
Полицијата регистрирала дванаесет прекршувања на решенијата за изолација на поширокото полошко подрачје. Во еден локал биле затекнати и гости.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.