Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен гостиварец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Гостивар
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство
Вработена во станица за Технички преглед во струшкото село Мислешево ја злоупотребила службената положба со издавање одобрение за управување туѓо моторно возило на странски државјанин
Денеска (29.11.2021) од 7 до 10 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило со брзина поголема од дозволената, во рамките на која биле санкционирани 28 прекршоци, односно пречекорувања на максимално дозволената брзина
Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово
Евиденција на тетовската полиција за учество на пешаци во сообраќајни незгоди бележи дека за изминатите десет месеци од годинава во Тетово и Tетовско имало 57 такви случаи, додека во редовни, засилени и акциски контроли вкупно санкционирани се 385 пешаци кои направиле различни прекршоци
На 28.11.2021 од страна на полициски службеници од ОВР Кочани лишени се од слобода Б.Д.(31) од с.Бања, И.Ј.(41) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и Д.Д.(25) од с.Бања, кочанско
Полициски службеници при контрола на патничко возило „мерцедес“ на автопатот А-1, на местото „Клучка Прдејци“ пронајдени се три мигранти од Куба, соопшти Министерството за внатрешни работи
У.В., која во наведениот период била директор на Јавното претпријатие, пропуштајќи да бидат наплатени долгови за извршени услуги од Јавното претпријатие, направени од страна на физички и правни лица од општина Гевгелија, с.Стојаково и с.Селемлија, сторила повреда на повеќе одредби од законски и подзаконски акти и договори