Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 16 ноември 2021 во 20.30 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Драчево, на патот кон место викано „Три круши“, било пронајдено тело на починато машко лице, без траги на насилство.
Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Поради агресивно однесувањее кон полициски службеници, вчера околу 20 и 30 часот е лишен од слобода Д.П.(51) од Кичево.
Денеска (17.11.2021) во 10.00 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето на Влае го лишија од слобода Р.С.(38) од Скопје
На 16.11.2021 во периодот од 08.00 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70), сите од гостиварското село Врбен, поради сомнение дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд куќа во Маврово
Денеска (17.11.2021) околу 00.10 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 47-годишниот М.Т. од Тетово, осуден на затворска казна
Во текот на вчерашниот ден (16.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи
На 16.11.2021 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода Д.М.(20) од Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот