Како што соопшти денеска Обвинителството, осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу пет килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.
Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.
Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот на Армијата. Во возилото, како што пишува во информацијата, удрило цивилно возило.
Останатите пријавени, како членови на комисиите за спроведување на постапка за вработување на двајцата кандидати, иако знаеле дека условите од конкурсот не се целосно исполнети, се потпишале и ги одобриле конечните ранг листи.
Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа во 23:15 часот во Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар.
Со тешка телесна повреда рано изутринава се здобил 33-годишниот М.К. од Велес, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци.
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднел кривична пријава против правно лице од Струмица и Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.
Албанската полиција на граничниот премин „Хан Хоти - Муриќан“ на албанско – црногорската граница, привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница.
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.
Во СВР Скопје вчера имало пријави од две повозрасни жени дека биле измамени на телефон од непознати лица и дале пари за да не одговараат нивните ќерки кои наводно предизвикале сообраќајни несреќи.