Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје
Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта, изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство, соопштија од ОЈО Велес
По преземени мерки и активности, полициски службеници од OВР Свети Николе расчистија пет кривични дела, од кои три „тешка кражба“ и две „кражба“, за кои постојат основи на сомнение дека ги извршил А.Б.(33) од Свети Николе и против него до Основното јавно обвинителство Свети Николе е поднесена кривична пријава
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл. 247 од Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје
Во текот на вчерашниот ден (28.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 661 возач
На 28.09.2021 во 17.00 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Д.Ч.(35) од Битола
Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли
На 27.09.2021 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров, поради должничко-доверителски односи, Х.М.(27) од с.Ново Село, скопско, физички ја нападнал А.П.(23) од Скопје.