Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот. Утврдено е дека 51 возач ја пречекориле брзината, а биле изречени и шест мерки за непрописно престигнување. Откриени се и 17 прекршоци што ги направиле мотоциклисти
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.П.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“
Полицијата синоќа во 18.55 часот го привела Л.Ш. (26) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“
Група од 48 илегални мигранти од Бангладеш, откриена е вчера околу 23,30 часот, кај Сува река, село Костурино, Струмичко, од страна на полициски службеници од СВР Струмица
Државната комисија за спречување на корупцијата му изрече јавна опомена за судир на интереси на претседателот на советот на Општина Гевгелија Ташко Дојчинов, кој истовремено ја извршува и функцијата и член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос
Професор од Неготино наместо своето дете од трета година, на државен натпревар однел дете од четврта, кое решавало во име на синот на професорот. Матурантот освоил трето место
Против поранешниот градоначалник на Македонски Брод М.В. (60) покрената е кривична пријава за помагање во врска со „злоупотреба на службена положба“, со што на скопјанецот Н.А. му е овозможено бесправно да се стекне со парцела во сопственост на државата на која се наоѓал објект – каптажа на извор за вода
Седумдесет и деветгодишниот М.Т. од Штип е повреден во пожар предизвикан од запалено стрниште, што ја зафатил и неговата викендица во штипското село Таринци
Две аптеки во Велес се затворени поради незаконско работење околу набавка и издавање лекови без рецепти на лица уживатели на дрога
На подрачјето на Скопје вчера се случиле осум сообраќајни несреќи, од кои во четири со полесни повреди се стекнале пет лица