Кумановската полиција од почетокот на годинава, до сега, изрекла вкупно 375 казни на возачи на мотори, најголемиот број од нив биле во јуни, соопштија денеска надлежните од СВР Куманово
Синоќа (23/24.07.2021) во периодот од 21 од 03 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 91 возачи
На 23.07.2021 во 23.00 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Д.С.(40) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени три кеси со кафеава прашкаста материја
На 23.07.2021 од 07 до 12 часот полициски службеници спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 109 возачи
Во текот на вчерашниот ден во период од шест часа припадниците на Министерството за внатрешни работи санкционирале вкупно педесет и две лица на територијата на Општина Крива Паланка за управување со моторни возила со брзина над максимално дозволената
На 22.07.2021 околу 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице.
Притоа, полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.07.2021 околу 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, дека му била пружена лекарска помош на М.Ш. (29) од Скопје кој имал повреда во ногата од залутано зрно.
На 22.07.2021 во Полициска станица Прилеп пријавено е дека во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп е донесен малолетник од с.Пресил, крушевско, со тешки телесни повреди од огнено оружје.
Денеска (23.07.) во периодот од 12 до 18 часот на подрачјето на Крива Паланка спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 52 возачи