Денеска (23.07.) од 07 до 12 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 22 возачи.
Вчера околу пладне на работното место починал работник во фабрика во Кочани, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Денеска (23.07.2021) во 12.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.А.(37) од Тетово.
На 22.07.2021 полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.М.(19) и С.Б(23), двајцата од Скопје, поради постеоње основано сомнение дека на 14.01.2021 извршиле кривично дело „тешка кражба“ од домот на К.Д.(35) од Скопје
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа со возило „Фолксфаген Голф", што се случила вчера на улица „Ферид Мурати" во Скопје
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка со донесување на Наредба за спроведување истражна постапка против 22 -годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик
На 22.07.2021 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Ш.М.(33) од Куманово за издржување на казна затвор
Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 02.00 часот (22/23.07.2021) спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 54 возачи
Од нив, 47 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 за возење без возачка дозвола, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила