Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патот Делчево – М.Каменица кој е дел од магистралата А3 кај месноста Каменички рид, се одбива по една лента
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.З.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
На 14 јули 2021 во 16.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Коце Металец“ и сервисна улица, патничко возило „ауди А5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Скопје удрило во пешакот Б.З.(45) од Скопје.
Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.
Во пожар, кој попладнево избувна во делчевското село Град изгоре куќа, сопственост на семејството Атанасови.
Сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива Паланка беше речиси два часа во застој поради сообраќајна незгода што се случила утринава околу десет часот на магистралниот пат А2, помеѓу две товарни возила
Утрово на локалниот пат Битола-Новаци, во непосредна близина на селото Логоварди се случила тешка сообраќајна незгода
Пожарот кој пред два дена избувна во атарот на село Белица, бродско, се уште е активен, но, оневозможено е негово натамошно ширење по интервенција од воздух и од земја
Во текот на вчерашниот ден (14.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 193 возачи
Вчеравечер (14.07.2021) полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот Ќ.Е. од тетовско Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“