Регионалниот пат Ростуше-Дебар е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Две маскирани лица синоќа ограбиле Спортска обложувалница на улицата „Прилепска“ во Битола.
Педесет и деветгодишниот К.Т. од Битола вчера е тешко повреден од огнено оружје за време на лов со уште четворица негови пријатели во атарот на село Лисолај, Битолско.
Заканувачот од Фејсбук кој преку споделена објава на социјалната мрежа предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија ќе заработи кривична пријава.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто четiриесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.
Едно лице е повредено во сообраќајката која попладнево се случила на патот Градско-Прилеп, кај тунелот близу кавадаречкото село Фариш. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила.
Тетовец баран со меѓународа потерница од италијанските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница.
Полицаец и работник на обезбедување биле напднати при расчитување на тепачка помеѓу две групи на млади лица што изминатата ноќ околу 2 часот и 30 минути се случила пред угостителски објект на улицата “Благоја Тоска“ во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Едно лице го загуби животот, а четири се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово во 1:25 часот се случи на излезот од Охрид кон Кичево, кај манастирот „Св.Еразмо“.
Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, кој синоќа беше затворен поради сообраќајна несреќа меѓу две возила кај местото Самоков.