По ова, наведуваат од СВР Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, додека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Поради непочитување на работното време, односно постапување спротивно препораките од Владата, објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Свадбата во селото Банско, која вчера ја прекина полицијата, била организирана на отворено, со настап на пеач и оркестар во живо, потврдуваат за МИА очевидци од селото и портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против 12 лица за кривично дело „Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик“.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Во текот на изминатото деноноќие (28.02/01.03.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 426 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на вчерашниот ден на територијата на Општина Крива Паланка, полициските службеници санкционирале 41 возач поради брзо возење
На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик
Мила Саздова од Работнички и Спасе Стојанов од Шихан-Струмица се победници во категоријата сениори/јуниори на 53. Државен шампионат во традиционално карате во кати одржан вчера во Скопје