На 27.02.2021 во Полициското одделение Петровец, Б.Х.(39) од Република Србија, со државјанство на Велика Британија, пријавил дека на 25.02.2021 на „Меѓународен аеродром – Скопје“ бил физички нападнат од двајца полициски службеници.
На тој начин била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај на тој дел од пругата, но сообраќајот не е во прекин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).
На 27.02.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле контрола во угостителски објект во с.Балиндол, гостиварско, сопственост на И.Б.(49) од с.Балиндол
На 27.02.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од ковид-19
На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, вчера во 04.30 часот поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија
На Граничниот премин Табановце вчера во 12.35 часот од слобода биле лишени З.Е.(25) и Х.Д.(27), двајцата од Косово, затоа што на увид и пасошка контрола приложиле туѓи, односно патни исправи на двајца македонски државјани
По целосно документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија - Куманово, при што санкционирани се 134 прекршоци
На 27.02.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево