Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 122 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.
Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 382 санкции за неносење маска во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.
Вчера во 08:40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, за излез од Република Северна Македонија, бил лишен од слобода О. Ј. (63) од Република Tурција поради постоење основи на сомнение дека приложил фалсификуван негативен ПСР тест.
На 19.02.2021 во 07,45 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Д.А.(38) од с.Јаргулица, при што било пронајдена и одземена ловна пушка марка „ИЖ“ и 13 патрони калибар 16 мм
Во текот на вчерашниот ден (19.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија - Куманово, при што санкционирани се 58 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско
Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и ОКР Чаир на 19.02.2021 го приведоа П.Б. (43) од Скопје, кој се барал со потерница за дозидржување на затворска казна откако избегал од казнено поправна установа
Во текот на изминатото деноноќие (19/20.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 446 прекршоци