Во текот на изминатото деноноќие (16/17.01.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци
Вчеравечер (16.01.2021) околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во куќа во сопственост на таткото на 48-годишен жител на скопски Сингелиќ вчера биле пронајдени речиси 13 килограми марихуана во 39 пакувања, како и околу четири литри хашиш масло.
Дваесет и деветгодишник од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра преку лажна изјава за негово киднапирање. Полицијата го товари лицето М. П. (29) за сторено кривично дело „изнуда“.
На 15.01.2021 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово го лишија од слобода М.П.(29) од с.Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“. Тој во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.
По добиени сознанија за реметење на јавниот ред на паркингот на Клинички центар, од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки, при што е идентификуван Ф.М.(40) од Скопје, соопштија од МВР.
Полицијата откри 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина во угостителски објект во Охрид, кој работел и покрај претходно изречена забрана и ставена пломба.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21:00 часот го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале десет гости.