Три лица еден косовски и двајца македонски државјани заработија кривични пријави под сомнение за убиство во обид и помагање на сторителот, за инцидентот што на 30 декември се случи во кафе бар во строгиот центар на градот.
На 01.01.2021 во периодот од 10.00 до 18.00 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 509 возачи, кои ја пречекориле дозволената брзина
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.01.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 208 прекршоци
Идентитетот на мажот, чие безживотно тело беше извлечено од Вардар кај гостиварското село Чегране уште е непознат. По првичните сознанија од увидот на јавниот обвинител, тој бил застрелан.
Безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години вчера е извадено од водите на реката Вардар во Гостивар чија смрт, според првичните сознанија на Јавното обвинитество, била предизвикана од истрели на огнено оружје.
Приведени се четири лица во тетовско за непостапување според здравствени прописи и агресивно однесување, односно тројца од нив како одговорни лица на угостителски објекти и казино работеле по дозволеното време и во нив престојувале гости.
Притоа, во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 288 угостителски објекти. Од преземените мерки и активности не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите во врска со ковид-19.
Во текот на изминатото деноноќие санкционирани се 322 граѓани кои не носеле лична заштита на лицето
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.12.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот