Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Поради непочитување на работното време утврдено согласно Ковид мерките, затворен е угостителски објект во Струга, иинформира МВР
На 09.12.2020 во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица Струга во содејство со Државниот пазарен инспекторат, во угостителски објект во с.Калишта, сопственост на А.Р.(36) од с. Калишта, констатирале дека работи после дозволеното работно време, определено согласно мерките за справување со коронавирусот
Полицијата го привела 75-годишниот М.З. од Палатица откако претходно бил пријавен дека во дворот од семејната куќа го нападнал 32-годишниот син. Настанот се случил вчера околу 20 часот
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Во текот на изминатото деноноќие (09/10.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 465 прекршоци
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од струшко Калишта за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Вчера, (09.12.2020 година) околу 22,40 часот од страна на полициски службеници од ПС Кичево, на регионалниот пат Кичево - Осломеј, запрено е патничко моторно возило "Голф" со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(35) од село Пласница а во кое како сопатник бил Е.Д.(34) од истото село. По извршен преглед на возилото и лицата, кај М.М. пронајдена и одземена е марихуана