Двајца мотоциклисти вчера се повредени во две одделни сообраќајки што се случиле во Скопје.
На 21.08.2020 во 18.20 часот во Казнено-поправната установа Идризово, Џ.Б.(20) од с.Теарце, тетовско, осуденик во установата, пријавил дека околу 14.50 часот во кругот на КПУ Идризово, друг осуденик Е.А. физички го нападнал и му нанел повреди со остар предмет.
Девојки навозраст од 20 и 17 години од тетовско Копанце се повредени денеска околу 17. 45 часот, при превртување на возилото со кое се превезувале на автопатот Тетово-Скопје информираат од СВР Тетово.
Полицијата информира дека починал работник К.А. од Кочани, кој се повредил при извршување работни задачи во фирма во Кочани
Двајца жители на Дебар, татко и син, заработија кривични пријави за физички напад врз полициски службеници
Педесет и пет мигранти се пронајдени утринава во 4 часот по полноќ на локалниот пат кој води кон селото Триводи, Струмичко
Во изминатото деноноќие регистирани се 420 прекршувања на мерката за носење на лична заштита на лицето, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи
На 20 август 2020 во 15.40 часот во СВР Скопје, А.А.(57) од Скопје пријавил дека околу 15.25 часот во автобус бр.35 на ЈСП, на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“, бил истуркан од автобусот и физички нападнат од едно лице кое се претставило дека е контролор во ЈСП.
На 20 август 2020 во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18 часот, додека се истоварал смет во депонијата, која се наоѓа на излез од село Арачиново, на регионалниот пат Скопје – Куманово, во сметот биле забележани предмети кои личат на експлозивни средства.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.