На 06.04.2024 во 20.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.М.(65) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени мачета и електрошок.
Исто така, тие се сомничат дека на 06.04.2024 околу 20.00 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје.
На 06.04.2024 во 13.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле А.Е (25) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа биле вршени корекции.
За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал.
Радовишката полиција вечерта на 6 април во 22.30 часот во Радовиш, ги лишила од слобода Н.С.(29) од село Воиславци, радовишко и Ј.А.(22) и Ѓ.О.(21) од Радовиш.
Се додава дека врз основа на информациите добиени од полициското разузнавање дека албански државјанин ќе прошверцува ситен добиток од Северна Македонија во Албанија, тој бил следен и запрен на патниот правец Горица-Звезда.
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“, ОВР Дебар поднело кривична пријава против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија денеска од МВР.
Полицијата вчера во 00.20 часот и во 13.00 часот во гостиварски Добридол ги лишиле од слобода Ј.М.(19) и И.Ф.(32) од истото село.
Дебарското одделение за внатрешни работи денеска поднесе крвична пријава против 31-годишниот К.Т. за „уцена“ и „тешка лражба извршена во дом на негов сограѓанин.