На 25.02.2020 во 21.00 часот во СВР Тетово, жител на Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22.00 часот едно лице на возраст од околу 40 години извршило обљуба врз малолетната ќерка на неговата сопруга.
Тој, во периодот од 04.10.2019 до 30.11.2019, постапил спротивно на Законот за безбедност на храна и спротивно на Договорот за концесија на Охридското езеро и не извршил регистрација на риболовни пунктови, без што не смеел да врши промет на уловена риба.
Таа е петата жртва од експлозијата, откако претходно на самото место на настанот животите ги загубија три деца, а подоцна на здобиените повреди им подлегна уште едно лице.
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 25-годишен скопјанец за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.
Росоманец пронашол неексплодирана артилериска граната вчера попладне во својата нива, додека вршел земјоделски работи, информираат од СВР Велес
На 24.02.2020 во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 15.30 часот на 21.02.2020 до 07.35 часот на 24.02.2020 на ул.„Гоце Делчев“ во Штип непознат сторител ја извадил и оштетил таблата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Штип.
Истиот ден околу 20.10 часот, 41-годишен маж од скопско село пријавил дека околу 11.15 часот во с.Кучевиште неговата малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
СВР Битола поднесе кривична пријава против поранешен декан на битолскиот Ветеринарен факултет, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“