Полициски службеници од БПС-Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. вечерва околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје нареди истражна постапка против лице осомничено дека вчера се обидело да изврши кривично дело „разбојништво“ и за него е предложено мерка притвор.
Еден тешко и еден полесно повреден е билансот на сообраќајната несреќа ноќеска на автопатот Тетово-Скопје поради излетување на две возила
Во сообраќајка што се случила ноќеска на регионалниот пат Кочани – село Зрновци, починало 23 годишно момче, а неговиот врсник е повреден, откако со возилото излетале од патот
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје нареди истражна постапка против 34-годишен скопјанец осомничен за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ и е предложена мерка притвор.
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – разбојништвото во казино во Неготино
Скопското Основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице од Сарај за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Во рамки на активностите за борба против недозволената трговија со дрога, во месеците ноември и декември 2019 година спроведена е меѓународна истрага со австриската и српската полиција во која се пресечени повеќе меѓународни канали и запленети се седумнаесеет килограми наркотична дрога хероин и пет килограми наркотична дрога кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат вредност од околу 1 000.000 евра
Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во две сообраќајни незгоди од вкупно шест што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета