Еден пешак и еден возач на патничко возило се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица се полесно повредени во шест од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета
Со сослушување на сведоци и оштетени, денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени. Обвинети се шест лица
Командирот на Територијалната Противпожарна единица, Тони Атанасов за МИА вели дека овој случај кај нив не е пријавен од страна на сопствениците.
Работниците се повредиле додека извршувале градежни активности претпладнево на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „Авној“ во Куманово, во населбата „Зелен Рид“ додека изведувале градежни активности помеѓу мрежи од арматури.
По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата, стои во соопштението.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека на 5 и 8 август извршило две разбојништва во финансиски друштва
Штипскиот Основен суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игро Спасов, којшто од вчера се бара преку меѓународна потерница
Десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово
Штипскиот Основен суд ја донесе пресудата против 69 годишниот Богдан Митевски, кој лани во ноември на пешачки премин пред регионалното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ на булеварот „Гоце Делчев“ го прегази 15 годишниот Мустафа Седат. Пет години и шест месеци е казната затвор за Митевски, кој на судењето пред пет члениот кривичен совет ја признал вината
СВР Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар – Бит Пазар поднесе кривична пријава против Н.Д.(47) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари, соопштија од Министерството за внатрешни работи.