На 09.10.2019 во 00.42 часот во Полициската станица Чаир, жител на Скопје пријавил дека врз неговата малолетна внука била извршена обљуба од страна на нејзиното момче, исто така малолетник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф. (44) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кавадарци поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
СВР Штип вчера во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници
Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета
Надворешната канцеларија за кривични работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 07.10.2019 во 09.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, 45-годишна жена од Скопје пријавила дека во август 2019 година тројца малолетници извршиле полови дејствија врз нејзиниот малолетен син.
На 07.10.2019 во 15.30 часот во спортска обложувалница на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ѓ.(30) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
На 07.10.2019 во 16.45 часот во СВР Скопје, Д.К.(25) од Скопје пријавил дека околу 16.15 часот, додека бил на работно место во угостителски објект – хотел, бил физички нападнат од едно лице, поради незадоволство од услугата во угостителскиот објект.
Четириест и пет годишен тетовец добил кривична пријава од тетовската полиција затоа што во август годинава на социјалната мрежа Фејсбук се заканувал на службени лица кои презеле дејствија за неговото погрешно паркирано возило.