Вкупно 55 возачи во Скопје ја пречекориле брзината во населено место и преземени се мерки против нив. Откриени се и 22 останати прекршоци за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози
Обвинителен акт против 36-годишен скопјанец, осомничен дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ поднесе денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело трговија со дете, а до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за истото кривично дело
Триесет и осум годишник од Фалише се превретел со возило на булеварот „Илирија“ во Тетово вчера околу 22:20 часот по што добил скршеници на ребрата
Жител на Скопје загина откако синоќа со неговиот автомобил се судрил со товарно возило на патот меѓу охридските села Ботун и Климештани
Сопатник во тешко моторно возило се здобил со тешки телесни повреди, а двајца се здобиле со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќе на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета
-При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица „Христофор Жефаровиќ“ во Скопје на 11 јуни, полициски службеници пронајдоа наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 11,45 грама, спакувана во 27 полиетиленски пакувања.
Прилепското Основно јавно обвинителство ќе чека полицијата да им достави снимки од камери и да го добие извештајот од крим-техничкото вештачење од рачната бомба што вчера беше пронајдена до летната бавча на кафулето „Кафе ин“ во строгиот центар на Прилеп
Царинската управа на граничниот премин Табановце со соседна Србија заплени 16,5 тони цигари и на Богородица со соседна Грција спречи обид за нелегален внес на 13 тони тутун во лист наменети за нелегална продажба на македонскиот пазар, информира на денешната прес-конференција директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски
По кратко боледување почина генералниот директор на МЖ Транспорт АД-Скопје, Шабан Зендели (1961) соопшти МЖ Транспорт