Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар е затворен за сообраќај поради вршење увид од сообраќајна незгода.
Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола.
Двајца млади се тешко повредени при судир на мицубиши и мотоцикл синоќа околу 19 часот во Росоман.
Товарно возило излетало од автопатот Демир Капија – Миравци после тунелот кај месноста викана „Јаворица“, синоќа околу 19.30 часот, при што тешко е повреден возачот, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Шест лица се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Во Секторот за внатрешни работи во Тетово вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете.
Кривична пријава против четири лица за неовластено прислушување и тонско снимање, поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициска станица Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп.
Шенсаесетгодишно мочме, велосипедист, вечра се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Куманово.
Во Скопје во текот на изминатиот ден се случиле шест сообраќајни несреќи, во кои со тешки повреди се здобиле две, а со лесни телесни повреди четири лица.