Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40- годишниот С.Ј од село Пелинце кој со „мерцедес“ удри во полициски службеници, при што еден полицаец почина, еден се здоби со повреди, а потоа удри во друг автомобил, по што беа повредени три лица
Основното јавно обвинителство во Велес до велешкиот Основен суд поднесе обвинение против 23-годишно лице за кривично дело „разбојничка кражба“
Основното јавно обвинителство Скопје со доставување жалба, му предлага на Врховниот суд да ја преиспита донесената пресуда на Апелацискиот суд за сообраќајката кај Универзална сала во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка
Дваесет и осумгодишен жител на струшкото село Радолишта се заканувал на семејство на негов соселанец, соопшти СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од општа надлежност-Дебар, во соработка со единицата за имотен и насилен криминалитет при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против З.Ф.(49) од дебарското село Коњаре и Н.Т.(45) од Дебар.
Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица кои во март и јули 2018 година извршиле обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.
Малолетна кавадарчанка била обљубена од малолетен роднина, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Девет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жител на село Пелинце, Општина Старо Нагоричане, поради постоење сомнение дека сторил кривичното дело – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.