Маскирано и вооружено лице вчера извршило грабеж во казиното „Стар“ во Дебар, кое се наоѓа на главната улица „8 Септември“ во градот.
На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а во осум е причинета материјална штета.
Девојка со државјанство од Република Србија пријавила во полициска станица Центар дека била нападната од неколку женски лица пред ноќен клуб лоциран на улица „Димитрие Чуповски“ во Скопје.
Српски државјанин се обидел да украде „ренџ ровер“ вреден 100.000 евра во скопската населба Дебар Маало, но бил спречен од сопственикот на возило, кој го забележал од блиската кафена. Против Србинот, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка за кривичното дело Тешка кражба и побара од судот да му биде одредена мерка притвор.
Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.
Синоќа во 22.55 часот било пријавено дека К.М.(19) од Скопје во дворот на ОУ„26-ти Јули“ во населба Шуто Оризари-Скопје бил физички нападнат од две лица, кои му нанеле и убодна рана со остар предмет.
Од автобус на „Еуро турист“ на линијата Скопје-Гостивар во петокот попладне полицијата симнала 20 патници, кои биле вишок, објави „Порталб.мк“. Полицијата го сопрела автобусот на влезот на Тетово, најверојатно по пријава на патници кои се жалеле дека се гушат.
Кражбата, се случила околу 9 часот, додека пак крадците палејќи го Голф-от, успеале да си заминат со друг Голф 5 во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека, по спроведување на сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња од страна на надлежен јавен обвинител е донесена одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција.
Вооружени лица утрово извршило разбојништво во „НЛБ банка“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.