Кривична пријава за компјутерска измама ќе биде поднесена против 35-годишниот Т.А. од Велес, кај кој при претрес е најдена опрема користена за нелегални активности
Штипјанец вчера е измамен при купување огревно дрво. Шеесет и двегодишниот М.С од Штип за само два месеца е третата жртва на ваков вид измами во источниот дел на земјава.
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Ф.З.(44) и А.Б.(42) поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.
Скопското Јавно обвинителство пред Кривичниот суд поднесе обвинителен акт за мајката на 13-месечното бебе, кое во јули минатата година имаше скршеница на черепот, нагмечување на мозокот и скршеници на рацете и нозете.
Педесет и седумгодишен пешак синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случи на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, во скопската населба Ново Лисиче, кога во него удрило возило со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка.
На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 123 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, цигари, употребуван алат, индустриска машина, хартија за пакување, автоделови, играчки, облека, обувки, бижутерија, семиња за земјоделски култури, медицински материјали, возило со бункер и фалсификувана патна исправа, соопштуваат од Царинската управа
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – разбојништво
Денеска се одржа редовна информативна средба во врска со Иницијативата за спас и обнова на спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан
Младо безживотно тело утрово околу 9:45 било пронајдено мртво во својата вила во село Ѕвегор, Делчевско. Телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт.