Двајца кавадарчани биле лишени од слобода во саботата навечер од страна на полициски службеници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Физичка пресметка помеѓу двајца 19 годишници се случила синоќа во 19.30 часот во Неготино. Според пријавата во неготинската полиција, јавниот ред и мир бил нарушен на улицата „Mаршал Тито”, кога физички се пресметале К.Л.(19) и У.М.(19).
Поранешниот директор на Фени Индустри, Јусуф Миракхмедов, се бара со меѓународна потерница во соработка со Интерпол. Миракхмедов за директор во Фени беше поставен од Кунико рисорсис (Cunico Resources) во период од 2015 до 2017 година.
Дирекцијата за заштита и спасување и специјализираната воздухопловна единица при ДЗС, интервенираа на гаснење пожар во Крушево.
Повредени се две деца, на возраст од седум и осум години, вчера во сообраќајки во скопското село Грчец и Прилеп, откако биле удрени од камион, односно автомобил.
Двајца пешаци, еден возач на мопед, еден велосипедист и еден сопатник на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 29 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Територијалната противпожарна единица на Кавадарци во текот на денешниот ден интервенирала при три пожари и три други интервенции, меѓу кои и на гасење на опожарено возило „мерцедес",изјавија за МИА од ТППЕ.
Како што соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување, со целиот свој капацитет и материјално-технички и човечки ресурси, активно учествуват во справување со огнената стихија во земјава.
Како што соопшти МВР, пожарникарот инцидентот го пријавил вчера во 17:00 часот во СВР Струмица, а се случил истиот ден околу 15:10 часот.
Шеесет и шест годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), починал вчера околу 13:00 часот во Клиничката болница Штип