Со брза интервенција на територијалната противпожарна единица, изминативе два дена спречени се три обиди за потпалување на депонијата кај Сува Река во Гевгелија
Педест и деветгодишен жител на Кочани се здобил со тешки телесни повреди и изгореници од пожар што се случил доцна синоќа во семејна куќа на улицата „Браќа Ставреви“.
Педесетгодишниот К.Ј од росоманското село Сирково загинал денеска околу седум часот, откако се превртел тракторот со кој управувал, на стариот пат од селото кон Росоман.
Царинските службеници од граничниот премин Табановце, денеска спречија обид за шверц на 350 килограми опојна дрога марихуана.
Државниот инспекторат за земјоделство заедно со Државниот инспекторат за шумарство и ловство како органи во состав на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, ги интензивираа контролите на терен поради палењето на земјоделско земјиште стрништа и шумските пожари.
Шумскиот пожар кој два дена гореше во граничниот појас со Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, утрово е угаснат, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
Осумнаесет годишниот државјанин на Шведска Л.К.А синоќа пријавил во полиција дека бил ограбен во Кавадарци.
Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет била причинета материјална штета.
Од Дирекцијата за заштита и спасување предлагаат преземање мерки на државно ниво во однос на состојбата со пожарите додека, како што велат оттаму, ситуацијата не излегла надвор од сите рамки
Кумановка нападнала полициски службеник, соопшти денеска СВР Куманово