По вчерашниот голем шумски пожар, што избувна во граничниот појас меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, Општина Ново Село, денес избувнаа уште два пожари.
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои 12 управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.
Физичка пресметка се случила синоќа во угостителски објект во Кавадарци, се расчистува случајот, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
22 годишната Македонка, Симона Зафировска, е осудена на доживотен затвор за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска, која ја уби со повеќе удари во главата додека таа спиела во 2016.
Дирекцијата за заштита и спасување денеска со два авиони исфрли 35 тони вода на пожарот во близина на селата Матејче и Никуштак во општина Липково.
Поголем пожар во моментов е активен на Скопска Црна Гора
Пред два часа избувна голем шумски пожар на границата меѓу Македонија и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село
Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 36-годишно лице од Јурумлери, кое е осомничено за кражба на 150 илјади денари од црква.
Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривични дела – Узурпација на недвижност од член 225 и Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик, информираат од Јавното обвинителство.
Територијалната противпожарна единица од Охрид повторно е на терен, екипите гасат пожар на трска и нискостеблеста вегетацијата на потегот меѓу Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и поранешниот автокамп „Андон Дуков“.