Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.
Голем пожар го зафати денеска Липково во подрачјето на селата Слупчане, Белановце и Алашевце. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираше со воздухопловна поддршка.
Секторот за односи со јавност на општина Битола, доцна попладнево испрати соопштение со кое информира за голем пожар кој го зафати потпелистерието, а е лоциран во атарот на селото Ротино.
Голема површина сува трева и трска е зафатена во пожар што попладнево избувна на влезот од Струга на потегот од хотел „Аполонија“ до кружниот тек кај „Еврохотел“.
Доцна синоќа околу 21 часот целосно беше изгаснат големиот шумски пожар во близина на Богомила и спасен манастирот кај месноста викана „Неделна вода".
Дел од Општина Центар утре од девет часот нема да има вода поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата „Козара“.
Екипите на кумановската подружница на „Македонски Шуми“, утрово со две екипи на вработени се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна вчера попладне во липковско, кај селата Руница, Думановце, Белановце и Брест. Во пожарот зафатени се стрништа и нискостеблеста шума.
Во Прилепско-долненскиот регион денеска се активни три пожари. Најголемиот пожар е во атарот на селото Горно Село, прилепско-долненскиот регион, додека активен е и пожарот во атарот на прилепското село Марул и кај Дрен Смолани каде е шумски појас.
Автомобил марка „БМВ“ попладнево излета од автопатот кај Смилковско Езеро при што со повреди се здобило едно лице.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – „перење пари и други приноси од казниво дело“, при што во периодот од 1 јануари 2016 година до 24 август 2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра противправно стекнати парични средства.