Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Во кичевското село Другово, синоќа околу 22 часот, се случил пожар во барака, сопственост на Ј.С. (58) од Кичево.
Кај 42-годишен жител од гостиварското село Чајле пронајдени се оружје и куршуми. При претресот во неговиот дом пронајдени се пиштол „глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.
Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 27 возачи за брзо возење, пет биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против две девојки за лоупотреба на лични податоци.
Осомничените, како гости во угостителскиот објект лоциран во трговскиот центар „Беверли Хилс“, делувајќи во состав на група, извршиле грубо насилство врз сопственикот на локалот, а кај присутните други гости и вработени предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност
Б.С.(42) од Скопје вчера пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот на улица „Франц Лист“ четири лица физички ја нападнале неа и нејзиниот сопруг А.С.(42)
Тринаесетгодишно момче од Скопје вчера физички било нападнато од 14-годишник при што се здобил со убодна рана од остар предмет.
Вработен во рудник во Радовиш вчера починал од струен удар додека изведувал работи на трафостаница, информираат од МВР.
Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вчера во угостителски објект во Скопје извршиле кривично дело – насилство.