Единаесетгодишно дете од Битола, кое пред три дена беше пријавено за исчезнато е пронајдено и вратено на родителите, соопшти МВР.
Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет е причинета материјална штета.
На 31.01.2018 на крајбрежјето на Охридското езеро, во правец кон село Радожда, пријавениот упатувал закани по животот кон инспектори по риболов од Државниот инспекторат за земјоделие, кои вршеле службени активности.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 24- годишниот М.Г од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување преку соопштение упати апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.
На Клиниката за детски болести починало две и полгодишно женско дете, кое на било примено со сериозна бактериска инфекција.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и уште три лица од градската администрација за злоупотреба на службена положба и овласувања при изборот на директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје по оглас од 2014 година.
На 05.03.2019 година во 13.30 часот на крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид мопед „томос спринтер“ без регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(71) од село Велгошти, Охридско, излетал од патот и удрил во бандера.
Седумдесет и двегодишната Р.К. од село Петровец вчера починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како последица на повредите здобиени неколку часа порано од удар од товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, Скопско.
Еден пешак загина во сообраќајна незгода, а две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две сообраќајни незгоди од вкупно девет што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.