Полицијата утрово ги лиши од слобода лицата Ј.С. и Е.С., шалтерски работници во одделението за даноци на Град Скопје.
Во периодот од 31 јануари до 24 февруари, 2019 година, во црквата „Св.Петка“ во село Црешнево – општина Чашка, непознат сторител извршил оштетување на подот.
Едно лице се здобило со телесни повреди во една од петте сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.
Имено, на 09.01.2019 околу 02.40 часот во електронско казино во Гевгелија пријавениот со ловечка пушка марка „Брно“ упатил закана кон вработениот и противправно одзел околу 150.000 денари.
На 26.02.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Кавадарци, 29- годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 24.02.2019 година околу 22.30 часот во нејзината соба нејзиниот познаник И.А.(28) од Кавадарци извршил обљуба врз неа.
Двајца полицајци биле полесно повредени откако автомобил што го управувало засега непознато лице не застанало на знакот од полицајците додека тие легитимирале три лица за нелегална сеча на дрва информираа од СВР Тетово.
Синоќа околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во нива во село Мартолци, Велешко, починат и со изгореници на телото било пронајден 80-годишниот Ј.А. од истото село.
Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (40) од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти денеска МВР.